ДВАЈЦА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СПЛИТ Осуммина граѓани се повредени и во ураганската бура која го погоди Белград
Невреме проследено со град и со силен ветер, го зафати утрово Сплит и околината, а градот кусо време остана без струја, додека на бројни објекти е причинета штета, особено на Пољуд и на Диоклецијанската палата.
Како што информира КБЦ Сплит, од повредените граѓани од невремето во клиниката се примени 26 пациенти, а откако биле прегледани двајца се задржани на болничко лекување со тешки повреди кои не се животозагрозувачки.
Останатите се полесно повредени, а станува збор главно за исеченици, гребнатини, скршеници и нагмечувања.
Силно невреме проследено со удари на ветар, дожд и од град го погоди Белград околу 14 часот денеска откако претходно од Хидрометеоролошкиот завод преку СМС пораки беше испратено предупредување за граѓаните поради зголемениот ризик од силни грмотевици со дожд, локално град и силни налети на ветер.
Најмалку осум лица се повредени во невремето, соопштија од Итната медицинска помош.
За можно невреме беа предупредени и жителите на Војводина, делови од западна и централна Србија.
Од невремето во Белград е предизвикана и материјална штета, голем број дрвја беа соборени, а некои куќи останаа без покриви.
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е исто така затворен за сообраќај. Патниците беа информирани за привременото прекинување на авио-сообраќајот, а започна и пренасочувањето на дојдовните летови.
Метеоролозите претходно издадоа црвен метео-аларм.
При ураганска бура која го погоди Белград, во делови од градот ветер дуваше и со јачина од над 100 километри на час.