ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО ВРСКА СО ГРАБЕЖОТ ВО ЛУВР Едниот се спремал да замине во странство

Двајцата мажи се притворени под обвинение за кражба и злосторничко здружение.

1,257

Двајца мажи беа приведени синоќа како дел од истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, објавија денеска два извори блиски до истрагата на случајот, потврдувајќи ја информацијата за француските медиуми.

Еден од осомничените беше уапсен на аеродромот Шарл де Гол во близина на Париз, додека се подготвувал да замине во странство, објави „Паризиен“ и неделникот „Пари-Мач“.






Вториот беше уапсен кратко потоа во предградие на Париз, објавува „Паризиен“.

Двајцата мажи се притворени под обвинение за кражба и злосторничко здружение.

Во 9:30 часот наутро во неделата, на 19 октомври, група од четворица крадци провалија во Галеријата Аполон во Лувр, каде што се наоѓа кралскиот накит на Франција, и побегнаа со девет парчиња накит, користејќи скутери за да избегаат. Целиот грабеж беше извршен за околу седум минути.

Поврзани содржини