ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДЕМИР ХИСАР Ветрот го отежнува гаснењето на огнот на градската депонија

Лицата С.Ф.(28) и А.С.(48) ќе добијат соодветни пријави откако случајот ќе биде документиран, информира Министерството за надворешни работи.

163

Полицијата приведе две лица од Прилеп кои се сомничат дека го предизвикале пожарот на градската депонија во Демир Хисар, притоа, како што се вели во полициското соопштение, предизвикале општа опасност.

Лицата  С.Ф.(28) и А.С.(48) ќе добијат соодветни пријави откако случајот ќе биде документиран, информира Министерството за надворешни работи.






Според претходно соопштение на Центарот за управување со кризи(ЦУК), пожарот опфаќал горење автомобилски гуми и појава на густ црн чад.

Пожарот е под контрола, но е уште активен поради ветрот кој го отежнува гаснењето, информира ЦУК повикувајќи се на информации од Јавното комунално претпријатие на Демир Хисар. Во гаснењето се активни 5 пожарникари, 2 противпожарни возила, 5 работници и една градежна машина од претпријатието.

 

Поврзани содржини