📷 ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА ВО „ИСТ ГЕЈТ“, ЕДНИОТ Е ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Дали е повторно вмешан Раде Трајковски-Штекли?

Две лица се повредени. Едното лице со полесни повреди е пренесено во Градска болница, а второто лице е со потешки повреди и пренесено е во комплексот клиники „Мајка Тереза“, на КАРИЛ - брифираат наши полициски извори.

3,484

Две лица се повредени по денешната оружена пресметка во подземниот паркинг на трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје, потрдија за Плусинфо од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што велат оттаму, повредените се пренесени во болница за укажување помош.






– Денеска од трговскиот центар ‘Ист Гејт’ во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Неофицијално, пукањето започнало на ниво „минус 1“ на паркингот, а продолжило на ниво „минус 2“.

– Две лица се повредени. Едното лице со полесни повреди е пренесено во Градска болница, а второто лице е со потешки повреди и пренесено е во комплексот клиники „Мајка Тереза“, на КАРИЛ – брифираат наши полициски извори.

Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков, вели дека во моментов се врши операција врз едниот пациент.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани – појасни Арсенков.

Според објави на некои медиуми, во престрелката наводно повторно учествувал Раде Трајковски-Штекли, кој пред точно 2 месеца исто така беше цел на напад во истиот трговски центар и на истата локација, во гаражата на ниво „минус еден“.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Новинарската екипа на Плусинфо веднаш излезе на терен и успеа да ги фотографира чаурите од испуканите куршуми на паркингот на ниво „минус 1“.

Во моментов полицијата прави увид, затворени се само местата каде што се врши увидот, а сѐ останато нормално функционира.

Трговскиот центар е отворен и на посетителите им е дозволено да влегуваат и да излегуваат од зградата.

ПУКТОТНИЦИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ Посетителите бегаат од шопинг центарот, врие од полиција

Поврзани содржини