ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ПРИ ПОПРАВКА НА ЛИФТ Поправале импровизиран лифт за лице со хендикеп
Две лица се повредени при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, соопшти полицијата.
На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, со телесни повреди се здобил В.Т.(42), а со тешки телесни повреди се здобил С.В.(68), двајцата од Кочани.
За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани и се преземаат мерки за расчистување на настанот.