ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШВЕДСКА Лицата утрово со авион се пренесени во Стокхолм

Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени, стои во објавата на Амбасадата на Шведска.

149

Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска.

– Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени – стои во објавата на Амбасадата на Шведска.






Во Шведска во моментов се наоѓаат четворица повредени во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објави телефонски броеви за контакт 24/7 во државите каде што има повредени македонски државјани. За Шведска дежурниот телефонски број е +46 701844605 и +46 768792019.

Поврзани содржини
na