Двајца полицјаци се тешко повредени во напад на дрвокрадци во велешко
Еден од полицајците има повреда на главата, а другиот во пределот на стомакот.
Двајца полицајци од СВР Велес се потешко повредени вечерва кај велешкото село Степанци, откако биле нападнати од дрвокрадци.
Еден од полицајците има повреда на главата, а другиот во пределот на стомакот.Уште тројца други полицајци имаат полесни повреди.
Екипа на Итната медицинска помош реагирала и тие се пренесени во велешката болница, информира порталот batali net.
Засега нема повее детали за случката.