Двајца пациенти позитивни на коронавирусот починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат.
Едниот од починатите е од Куманово, а другиот од Кавадарци, со што вкупниот број на починати досега изнесува 28 лица.
Според информациите на Алсат, во изминативе 24 часа утврдени се 18 нови позитивни на вирусот ковид-19, со што вкупниот број заболени во земјава е 617 лица.