Двајца починати, 22 нови заболени во последните 24 часа

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни.

1,184

Скопјанец и Тетовец починаа, а 22 нови заболени од ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациент од Скопје на 78 години, примен на 7 мај, и пациент од Тетово (77 години), кој бил на болничко лекување од 14 мај.






Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 8, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 3, Струга 1, Велес 4, Свети Николе 1 и Гостивар 1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 636, активни 143
Куманово – 416, активни 21
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 4
Прилеп – 202, активни 59
Тетово – 150, активни 66
Струга – 71, активни 5
Велес – 125, активни 53
Битола –27, активни 8
Охрид –21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –20, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1

Направените 533 теста се преку: ИЈЗ 256, Ветеринарен факултет 7, Авицена 12, Биотек 36, Клиника „Жан Митрев 61, Систина со PCR метода 53 и МАНУ 108. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и во Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се четворица, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини