Двајца починаа, 17 нови заболени од ковид-19, еден од нив откриен при скринингот

1,185

Двајца починати и 17 нови заболени е најновиот извештај од Министерството за здравство објавен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 3, Куманово 2, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2, Битола 1.






На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72) починат на 13 мај во ГОБ „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 2 и Велес 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 592, активни 134
Куманово – 413, активни 43
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп – 193, активни 63
Тетово – 131, активни 68
Струга – 69, активни 6
Велес – 113, активни 49
Битола –26, активни 7
Охрид –17, активни 2
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 2
Берово – 1, активни 1

Направените 460 теста се преку: ИЈЗ 257, Ветеринарен ф-тет 14, Авицена 8, Биотек 20, Клиника „Жан Митрев“ 33, Ацибадем Систина со PCR метода 19 и МАНУ 109. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини