ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРИСТИГНАА ВО ХРВАТСКА Денеска уште 4 повредени ќе бидат однесени во Загреб
Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат изгореници и повреди на респираторниот тракт при вдишување, па им се обезбедени респиратори за механичка вентилација.
Две лица, тешко повредени во пожарот во Кочани, пристигнаа во Хрватска и се на лекување на Клиниката за трауматологија на болницата „Сестри на милосрдието“ во Загреб, соопшти денеска хрватската Влада.
Се очекува денеска и утре хеликоптер на хрватската армија да превезе уште 4 повредени лица кои ќе бидат згрижени во хрватските болници.
Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат изгореници и повреди на респираторниот тракт при вдишување, па им се обезбедени респиратори за механичка вентилација.
За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега.