Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК), во содејство со СВР Охрид, денеска до Основното јавно Обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.
Од полицијата соопштуваат дека во периодот од јули до ноември годинава, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.
-На 25 ноември, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, полициските службеници од ОСОСК и СВР Охрид извршиле контрола на патничко возило „ренџ ровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода, за што МВР веќе информираше утринава, велат од МВР.