ДВАЈЦА ОД 8 ПРАТЕНИЦИ ДОЈДОА НА СОБИРОТ ВО КУМАНОВО Таравари доби поддршка да коалицира со опозицијата

4,127

Пред полна сала во Куманово вечерва се одржа состанокот на Централното собрание на Алијанса за Албанците кое го свика претседателот на партијата Арбен Таравари како контра одговор на претседателот на Централното собрание и екслидер на партијата Зијадин Села, со кого во моментов се разидуваат по сите прашања поврзани со претстојните избори.

По средбата, изјава за медиумите даде портпаролот Блерант Рамадани, кој посочи дека на состанокот присуствувале 75 од 133 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно ја потпишале декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок.






На собирот во Куманово присуствуваа и двајцата министри кои застанаа зад партискиот лидер, Фатмир Меџити и Азир Алиу и пратениците Халил Снопче и Абдула Халиу.

Техничкиот премиер Талат Џафери денес достави предлог до Собранието за разрешување на двајцата министри од неговиот кабинет Фатмир Меџити и Азир Алиу кои застанаа зад лидерот Арбен Таравари.

 

Поврзани содржини