ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО ВО МИРКОВЦИ Еден од нив ја признал вината
Вториот обвинет, за да му помогне на првообвинетиот по извршеното кривично дело, го зел кај себе пиштолот. На 23 декември 2024 година со истиот пиштол сторил кривично дело - Предизвикување општа опасност за што врз основа на признание на вина е осуден на 22 јануари 2025 година.
Двајца мажи се соочуваат со обвинение за обид за убиство во селото Мирковци, во околината на градот Скопје, откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишникот кој со пиштол пукал кон жртвата, како и обвинителен предлог против неговиот соучесник, кој му помогнал по нападот, соопшти Јавното обвинителство на РСМ.
„По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во врска со истиот настан, поднесен е и Обвинителен предлог против уште едно лице за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело според член 365 став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на РСМ.
Обвинетиот 37-годишник, поради нерасчистени претходни должничко-доверителски односи, на 10 декември 2024 година во селото Мирковци сo умисла се обидел да лиши од живот едно лице.
Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот, веднаш до рамката од влезната врата.
Обвинетиот почнал да тропа и удира со нога по вратата, обидувајќи се насилно да влезе во куќата, но не успеал, по што двајцата обвинети заедно избегале.
Вториот обвинет, за да му помогне на првообвинетиот по извршеното кривично дело, го зел кај себе пиштолот. На 23 декември 2024 година со истиот пиштол сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност за што врз основа на признание на вина е осуден на 22 јануари 2025 година.
Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот. Вториот обвинет, пак, се наоѓа во притвор до правосилност на пресудата за предизвикување општа опасност која му е изречена.
ПУКАЛ КОН СОСЕДОТ, ЈА ПОГОДИЛ ВРАТАТА Истрага за обид за убиство во Скопје