Двајца насилници во автобус кон патниците: Ќе ве ставам во киселина, ќе сечам глави (ВИДЕО)
Насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници, и се закануваат дека ќе ги стават патниците во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат со кого си имаат работа.
Двајца насилници во автобус на ЈСП им се закануваат на патниците откако биле предупредени да ги стават маските преку носот и устата. Ова се гледа на видеото што се споделува преку социјалните мрежи и преку медиумите.
Насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници, и се закануваат дека ќе ги стават патниците во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат со кого си имаат работа.
Како ќе реагира МВР на овој инцидент?
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021