ДВАЈЦА НАСИЛНИЦИ ИСТЕПАЛЕ ДЕВОЈКА ВО КАФУЛЕ Приведени се во полиција
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, информира МВР во дневниот билтен.
Две лица се приведени за физички напад врз 27-годишна девојка во Гостивар. Според информациите од МВР, лицата Д.И. (27) и Ф.И. (22) од Гостивар биле пријавени од девојката К.Ѓ.(27) од гостиварско село дека во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар физички ја нападнале.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.