ДВАЈЦА МОРТУС ПИЈАНИ ВОЗЕЛЕ НИЗ УЛИЦИТЕ НА КАВАДАРЦИ На „дување“ им измериле 3,34 и 2,65 промили алкохол

812

Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска ги лишиле од слобода Х.К.(22) и А.М.(35) поради сомнение за сторено кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“ предвидено во член 297 А од КЗ, а поради  управување на возило под дејство на алкохол.

„Имено, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта. Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Поврзани содржини