Двајца мажи починаа, новозаразени 44, вкупно заболени 329 лица
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично опструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово – 23, Скопје – 11, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип и Прилеп по 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 176
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 15
• Тетово – 8
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев“. До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.