ДВАЈЦА МАЖИ ОД ГОСТИВАРСКО КИДНАПИРАЛЕ МЛАДА ДЕВОЈКА Присилно ја држеле во стан, мајка ѝ пријавила во полиција
СВР Тетово информира дека во вторникот, на 25 февруари 2025 година, во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47-годишниот Ш.Ј. и 55-годишниот Ф.Т. од Гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Гостиварско, дека против нејзина волја од 24 февруари 2025 година, до пријавувањето, ја држеле нејзината 21-годишна ќерка во стан во близина во Гостивар.
Двајца мажи од Гостиварско држеле 21-годишна девојка присилно во стан, а потоа биле уапсени откако мајката на девојката го пријавила киднапирањето.
СВР Тетово информира дека во вторникот, на 25 февруари 2025 година, во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47-годишниот Ш.Ј. и 55-годишниот Ф.Т. од Гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Гостиварско, дека против нејзина волја од 24 февруари 2025 година, до пријавувањето, ја држеле нејзината 21-годишна ќерка во стан во близина во Гостивар.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок, извести полицијата.