ДВАЈЦА МАЖИ 29 ДЕНА БИЛЕ ИЗГУБЕНИ СРЕДЕ МОРЕ Преживеале со портокали и кокос

Ливае Нанџикана и Јуниот Колони тргнале од островот Моно, западна провинција на Соломонските острови, на 3 септември во мал моторен чамец со 60 коњски сили, пишува „Гардијан“.

1,304

Двајца мажи од Соломонските острови, кои поминале 29 дена изгубени на море откако им се расипал ГПС апаратот, се спасени кај брегот на Папуа Нова Гвинеја, 400 км од местото каде почнало нивното патување.

Ливае Нанџикана и Јуниот Колони тргнале од островот Моно, западна провинција на Соломонските острови, на 3 септември во мал моторен чамец со 60 коњски сили, пишува „Гардијан“.






Според првичната идеја, требало со чамецот да патуваат 200 км јужно до градот Норо, кој се наоѓа на островот Јужна Џорџија. Но, патувањето се комплицирало откако по неколку часа наишле на силен дожд и ветер, поради што условите биле отежнати.

Меѓутоа, дури и за искусни морепловци како нив двајца, морето на ова подрачје знае да биде многу непредвидливо. Само неколку часа откако тргнале, почнале силни дожд и ветар, поради што имале проблем со следење на визуелните насоки, како островите во близина.

– Кога започна невремето, а беше многу силно, тогаш престана да ни работи “GPS” уредот. Не можевме да видиме каде одиме па едноставно, за да заштедиме гориво, одлучивме да го изгасиме моторот и да чекаме – рекол Нанџикана.

Живееле од портокалите кои ги спакувале за по пат, кокосите кои пловеле по морето и дождовницата која ја собирале на парче платно. Така минале 29 дена на море, сѐ додека не биле забележани од рибари кај Папуа Нова Гвинеја.

Двајцата биле толку слаби што, кога на 2 октомври пристигнале во градот Помио, морало да бидат однесени со бродот во најблиската куќа. Потоа биле прегледани во локалната здравствена клиника и сега престојуваат кај еден мештанин.

Нанџикана рекол дека извлекол некои позитивни страни од ова искуство, како што е принудниот одмор од хаосот од глабалната пандемија.

„Немав поим што се случува во светот додека бев таму. Не слушнав за ковид или за што било друго. Се радувам на враќањето дома, но сепак, ова беше убав одмор од сè“, порачал тој.

Поврзани содржини