ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ Зголемен број на несреќи на патиштата во тетовско
И двајцата повредени малолетници се пренесени во Клиничката болница во Тетово.
Двајца малолетници вчера се потешко повредени во две оддели сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско. На регионалниот пат Тетово – Јажинце настрада малолетник од село Доброште кој управувал со едно од возилата што се судриле. Во друга несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово кај селото Групчин настрада малолетничка во која удрил автомобил со тетовски тегистерски таблички. И двајцата повредени малолетници се пренесени во Клиничката болница во Тетово.
„На 30.12.2023 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Jажинце, кај влезот за с.Глоѓи, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со германски регистерски ознаки, управувано од М.Ш.(28) од с.Пирок, тетовско и патничко возило „фолксваген туарег” со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од село Доброште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил М.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
На 30.12.2023 околу 15.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во с.Групчин, тетовско, патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(29) од с.Ларце, тетовско, удрил во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово“ – стои во известувањето од МВР.