ДВАЈЦА КУМАНОВЦИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Напаѓачите се приведени
Двајцата кумановци биле приведени во полициска станица и ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот против нив.
Во саботата во 01.20 часот, на улица Ѓорче Петров во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово уапсиле 43-годишен и 22-годишен кумановец бидејќи физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштуваат од полицијата.
Двајцата биле приведени во полициска станица и ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот против нив.