Триесетгодишен скопјанец синоќа бил приведен поради сомнение дека вчера во скопската населба Кисела Вода извршил две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.
Кај него биле пронајдени предмети од тешките кражби кои ги извршил на улиците Козјак, Димитар Мирасчиев и Стојан Стојановски.
Во кражбите, му помагал 29-годишниот скопјанец О.И.