ДВАЈЦА КАНДИДАТИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, А ДВАЈЦА СИ ОДАТ ДОМА Роберт, Стојне и Ален имаат тешка задача во „Пат до Ѕвездите“

Стручното жири навистина немаше лесна задача, напротив нијанси одлучуваат кој од кандидатите ќе обезбеди „карта“ за понатаму.

297

Вечерва на програмата на Тв „Алфа“ и „Балкан Мјузик“ со почеток во 20:30 часот ќе се емитува најновото издание на музичкото талент-шоу „Пат до Ѕвездите“.

Станува збор за уште една бараж-емисија во која последна шанса ќе добијат четворица кандидати, меѓутоа само двајца од нив ќе продолжат понатаму, а пак двајца ќе мора да го напуштат шоуто.






Овојпат друштво на постојната жири-комисија составена од Роберт Саздов и Стојне Николова им прави познатиот пејач Ален Хасановиќ, кој со своето искуство во вакви талент-шоуа и тоа како беше од помош да се изберат подобрите.

Стручното жири навистина немаше лесна задача, напротив нијанси одлучуваат кој од кандидатите ќе обезбеди „карта“ за понатаму.

Не пропуштајте, вечерва во 20:30 часот на Тв „Алфа“ и „Балкан Мјузик“ – „Пат до Ѕвездите“:

 

Поврзани содржини