ДВАЈЦА ДРВОКРАДЦИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГИ ПРЕГАЗАТ СО КАМИОН Натоварени бегале од контрола кај село Макреш

172

Две лица од Куманово се уапсени во саботата откако претходно не им дозволиле на полицајците да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва, физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.






На 23 август 2025 година, во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 27-годишниот Т.Ј. и 46-годишниот Б.Ј. од Куманово. Имено, во село Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило ‘мерцедес’ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица.

Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не им дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата.

Поврзани содржини