Двајца Британци залутале во дворот на Генералштабот на Армијата

Британците изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде што биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

4,284

Двајца британски државјани синоќа биле забележани во кругот на Генералштабот на АРСМ на улица „Орце Николов“ во Скопје.

МВР соопшти дека  тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија.






Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде што биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини