ДВА БРАЧНИ ПАРА СЕ СТЕПАЛЕ, ПА СЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Едниот маж ѝ го одзел телефонот на сопругата
Две жени ги пријавиле своите мажи за физички напад, но и нивните мажи поднеле пријави во полиција против сопругите, соопшти полицијата.
Како што соопшти МВР, на 22.11.2025 во 13 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, при што ѝ го одзел мобилниот телефон.
Околу 20:30 часот вечерта, мажот пријавил дека околу 13 часот бил физички нападнат од неговата сопруга.
Истиот ден во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Т.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна жена дека на 21.11.2025 во 23:30 часот, во домот каде што престојуваат на подрачјето на Карпош во Скопје, физички ја нападнал.
И сопругот К.Т. пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга.