📽️ ДВА БАКНЕЖИ ЗА МЕЛОНИ, ДВА ЗА АСИСТЕНТКАТА Либанскиот претседател направи ненамерна грешка
По асистентката, од авионот излезе Мелони, а Микати и неа ја бакна во двата образи и се ракуваше со неа.
Мала непријатност се случи на аеродромот во Бејрут во Либан кога либанскиот претседател Наџиб Микати по грешка бакна жена за која мислеше дека е италијанската премиерка Џорџа Мелони. Всушност, од авионот прва излегла Патриција Скурти, личната асистентка на Мелони, која делумно личи на премиерката.
По асистентката, од авионот излезе Мелони, а Микати и неа ја бакна во двата образи и се ракуваше со неа.
Италијанската делегација пристигна во Бејрут во средата за да ја пренесе пораката за стопирање на конфликтите на границата меѓу Израел и Либан каде израелските одбранбени сили ИДФ се пресметуваат со либанската милитантна група Хезболах.
„Мелони даде јасна порака во врска со потребата да се избегне каков било ризик од ескалација долж границата со Израел“, соопштија од нејзиниот кабинет.
Мелони го посети и италијанскиот одред во мировната мисија на Обединетите Нации во јужен Либан.
Либанскиот претседател Микати ја повтори својата осуда за израелскиот напад врз јужен Либан во кој загинаа седум болничари.
📽️ ДАЛИ БАЈДЕН ЈА „МУВА“ МЕЛОНИ? Џо ја бакна Џорџа во глава, италијанската премиерка беше зачудена