ДВА АВИОНА ЌЕ ГАСНАТ ВО ОПШТИНА ЧАШКА Се вклучуваат и полициски и армиски екипи

Мешана шума е зафатена и од пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскиот водовод во Грешница.

265

Денеска на планината Мукос, кај Општина Чашка, ќе се вклучат 2 авиони и по 25 припадници од МВР и од Армијата, за да им помогнат на екипите од Национални шуми кои се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Ова го потврди Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– На барање на градоначалникот на Чашка за дополнителна поддршка, Главниот штаб на ЦУК одлучи утре во 6.30 часот да испрати 25 припадници на МВР, 25 припадници на Армијата и 2 авиона за воздушна поддршка на терен – соопштија од ЦУК синоќа.






Вчера, вработените од Национални шуми правеа пресеци за да го спречат пожарот да не стигне до селото и манастирот Свети Никола.

Исто така, ЦУК информира дека уште е активен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскиот водовод во Грешница.

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над селото Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец и на Галичица, кај Зли Дол и селата Стење и Лескоец.

Поврзани содржини