ДУВНАЛ 2,27 ПРОМИЛИ И ЗАВРШИ СО ЛИСИЦИ Штипската полиција уапси пијан возач од радовишко

Од полицијата информираат дека веднаш бил исклучен од сообраќајот и лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

170

Педесет и двегодишен маж од село Долни Липовиќ, радовишко, беше уапсен во вторникот вечерта во Штип, откако полицијата утврди дека управувал автомобил под силно дејство на алкохол.

Како што информира МВР, вчера во 21:58 часот, полициски службеници од СВР Штип го сопреле патничкото возило марка „Форд“ со радовишки регистарски таблици на улицата Маршал Тито. Возачот С.Т. (52) бил подложен на алкотест, при што му биле измерени дури 2,27 промили алкохол во крвта – ниво што се смета за исклучително опасно и ризично по безбедноста во сообраќајот.






Од полицијата информираат дека веднаш бил исклучен од сообраќајот и лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Случајот е целосно документиран и понатамошните мерки ќе ги преземе надлежното обвинителство.

Поврзани содржини