Душко Илиевски во јавноста познат како Душко Млекарот е екстрадиран во Македонија. По барање на македонските правосудни органи спроведен е од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на Шарената револуција, јави ТВ 24.
Тој беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил. Илиевски е познат уште пред десетина години од протестите за Сведмилк, а последниот период објавуваше материјали за работењето на актуелната власт.