ДУШАН АДАМОВИЌ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ДА БИДЕ КОНЗУЛ Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека него го предложил амбасадорот кој го именувал СДСМ

Од партијата забележуваат дека „партијата на (Зоран) Башановиќ, СДСM“ треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.

1

Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДСM и ДУИ и ги исполнува сите критериуми за дипломат, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ  и близок со Александар Вучиќ.

Од партијата забележуваат дека „партијата на (Зоран) Башановиќ, СДСM“ треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.






-Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДСМ е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини