Дурловски: „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти за Битола

Битола е град музеј на отворено. Динамичен и жив сведок на силниот дух и моќта на македонската, културна и уметничка традиција. Затоа „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола - истакна Дурловски.

224

 

Носителот на изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, даде изјава од центарот на градот Битола при што посочи дека со „Обновата на Македонија“ ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола.






– Битола е град музеј на отворено. Динамичен и жив сведок на силниот дух и моќта на македонската, културна и уметничка традиција. Затоа „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола – истакна Дурловски.

Дурловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе го обнови сјајот на богатата градска архитектура на Битола со конзервација и реставрација на сите фасади на објектите кои што се заштитено културно наследство во целата Општина.

– Овој проект ќе се надоврзе на веќе извршената обнова на фасадите на 50-тина објекти на Широк сокак, кои беа реализирани во 2017-та година и ќе овозможи и останатите сегменти на централното градско јадро да му парираат на Широк сокак со богатствата на своите објекти. Без културна интеракција со минатото нема иднина. Обновата доаѓа – порача Дурловски од Битола.

Поврзани содржини