Дурловски: Македонскиот код е неуништив, можат да ни одземат се само не слободата

Пратеникот рече дека ќе се бори за политички прогонуваните и  дека вистината ќе излезе на површина, како што излегле агендите за разнебитување на државата. 

511

Можам да ни земат речиси се, но никогаш нема да ни ја одземат слободата, за која ќе се бориме со сите средства рече во своето обраќање на протестот на ВМРО-ДПМНЕ  пратеникот Игор Дурловски.

– Се обидоа да не замолчат, да не понижат, да ни ги одземат елементарните човекови права. И може да земат многу работи, може да ни земат речиси се – но никогаш нема да ни ја одземат слободата за која секогаш ќе се бориме. Никогаш нема да ни го одземат достоинството, храброста и правото да ја зборуваме вистината. Никогаш нема да ни го одземат правото да кажеме МАКЕДОНИЈА! – рече Дурловски.






Тој рече дека ќе се бори за политички прогонуваните и  дека вистината ќе излезе на површина, како што излегле агендите за разнебитување на државата.

Дурловски рече дека денес во Македонија се применува сила против свеста, сила против животот, насилство против волјата на секој оној што мисли поинаку.

– Затоа, драги пријатели, ова мое денешно обраќање пред вас, сакам да им го посветам на нашите браќа кои се во македонските затвори. Неправедно обвинети, неправедно осудени. Можам да ветам, дека ќе ги искористам сите законски, демократски инструменти да се дознае вистината! Како што се борев за својата вистина и својата правда, која е вистина и правда за сите нас, така ќе се борам до крај за неправедно затворените, политички прогонуваните – рече тој.

Тој додаде  дека задоцнетата правда е голема неправда, но  дека е сигурендека ќе дојде денот
кога македонските патриоти ќе ја дочекаат истата.

– Македонскиот код е неуништлив – рече на крајот Дурловски.

Поврзани содржини