Дурловски: Ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот

691

Горд сум зошто ја носам тежината на минатото, но пред мене ја гледам светлината на иднината. Ако сме тука за да ги браниме нашите принципиелни ставови, да се бориме за Македонија, за вистински вредности, тогаш да го направиме тоа сега, силно, здружено, рече Игор Дурловски, носител на листата  за Петата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на конвенцијата на кандидатите за пратеници.

Тој рече дека знае оти заедно ќе се фокусираарт на обновата на Македонија и дека се подготвени за решавање на сите мали и големи проблеми на граѓаните, но секогаш пред нив ќе ја имаат и најважната тема – Македонија.






– Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените. Македонија е да се бориме достоинствено и со крената глава за неа. Македонија е да ја држиме вистинската страна, страната на победниците, страната на Вистината. Македонија е да не ги заборавиме идеалите на нашите предци.Македонија е да не ја загрозуваме иднината на нашите деца. Наша задача е да се бориме за вистинска слобода на македонскиот народ и на сите останати во Република Македонија. Сакам да ве уверам дека, од мене ќе добиете искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа – рече Дуролвски.

Тој додаде дека ќе се потруди да стигнам до секој граѓанин, да стегне сечија дланка, да  го погледне во очи Македонецот, да го охрабри да се придружи за да го вратат заеднички оптимизмот кој што им бил одземен.

– Слободата е блиску, илузијата на нивната лажна сила е скршена, народот ќе биде повторно слободен. Борбата ќе биде тешка, но ние сме луѓе кои нема да отстапат, нема да го прекршат зборот и кои имаат визија, знаење и енергија, како да одиме напред. Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот после сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен, да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички средства ќе им ја покажеме нашата сила и мудрост – рече Дурловски.

 

Поврзани содржини