ДУРИ И НЕГОВИТЕ СОПСТВЕНИ ДЕЦА СЕ ПЛАШАТ ОД КАНЈЕ ВЕСТ  „Тоне сè подлабоко и подлабоко“ 

Децата на Канје Вест, како и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, се згрозени од неговите неодамнешни испади и се плашат од него, пишува „Пејџ сикс“.

145

Децата на Канје Вест, како и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, се згрозени од неговите неодамнешни испади и се плашат од него, пишува „Пејџ сикс“.

Имено, Канје Вест и Ким Кардашијан имаат четири деца, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм, кои наводно не се рамнодушни на изјавите на Канје.






Раперот претходно на социјалната мрежа Икс напиша дека „го сака Хитлер“, продаваше маици со кукасти крстови, а објави и фотографија од униформи на Кју Клукс клан.

Извор близок до Канје рекол: „Ова мора да е страшно за Ким. Канје не ги зема своите лекови, да ги пиеше, немаше да бидеме тука. Не оди на подобро, не се чувствува добро, тоне сè подлабоко и не се однесува рационално. Има толку многу негативност – мислам дека нема да се извлече од ова“.

Да потсетиме, Ким неодамна повика на итно сослушување за притвор откако дозна дека браќата Ендру и Тристан Тејт ќе бидат присутни за време на средбата на Канје и ќерката Норт. Ким го прекинала дружењето откако дознала дека браќата Тејт, кои неодамна се соочија со обвиненија за сексуални злосторства во странство, требало да бидат со Канје.

Ким и Канје неодамна се скараа поради Норт. Раперот објави песна со Диди на Икс, во која учествувала и Норт, поради што Ким му испраќала пораки, чии принтскринови од екранот Канје ги објави, а потоа ги избриша од Икс. Наводно и рекол на поранешната сопруга дека никогаш повеќе нема да зборува со неа бидејќи го заштитила името на нивната ќерка.

„Претходно те прашав дали можам да го заштитам нејзиното име. Ти рече да. Кога ќе наполни 18 години, името оди кај неа. Затоа престани. Ги испратив документите за да не биде во песната со Диди, за да ја заштитам“, одговорила Ким.

Канје и се закани со „војна“ доколку не го смени барањето, велејќи дека ниту еден од нив нема да се опорави од прашината што ќе се крене во медиумите.

Подоцна се појавија наводи дека Ким поради сè размислува да го промени договорот за старателство со Вест. Се тврди дека таа сериозно размислува да го одведе раперот на суд и да побара од судијата да му го одземе заедничкото правно старателство поради овој инцидент.

 

Поврзани содржини