ДУРИ И ДА ГИ ПРОДАДАТ ВАУЧЕРИТЕ, НЕМА ДА МОЖЕ ДРУГ ДА ГИ ИСКОРИСТИ Мицкоски вели дека ваучерите се со лични податоци

379

Исклучително добар одѕив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

– Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме – потенцираше Мицкоски.






За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, тие не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци.

– Мислам дека и да ги препродаде не би можело да бидат искористени, бидејќи таму се со лични податоци, така што мислам дека тие обиди се јалови – дециден е Мицкоски.

Поврзани содржини