Дури и богатите не можат да се одморат за време на пандемија
Властите во француската ривиера уапсиле 10 туристи кои пристигнале од Велика Британија. Нив ги чекале три хеликоптери кои требало да им помогнат да дојдат до изнајмената приватна вила во Кан.
Плановите за oдмор на неколку богати лондончани не поминаа според очекувањата, пренесува „Business Insider“. Весникот наведува дека француските власти вратиле назад приватен авион кој пристигнал во земјата.
Властите во француската ривиера уапсиле 10 туристи кои пристигнале од Велика Британија. Нив ги чекале три хеликоптери кои требало да им помогнат да дојдат до изнајмената приватна вила во Кан.
– Ние ја известивме групата што пристигна дека не можат да влезат на нашата територија за време на епидемијата и по 4 часа тие заминаа – изјавија граничните власти за локалните медиуми.
Од 18 март секој кој пристигнува во Франција треба да докаже дека нивната главна резиденција е во земјата. Ова правило не опфаќа само медицински персонал, пилоти и дипломати.
Неименуван извор на „BFMTV“ изјави дека групата се обидела да ги користи своите контакти во Франција и упатила неколку телефонски повици во обид да ја сруши блокадата.
Неуспехот, сепак, е факт и деветте туристи се упатија кон Велика Британија, додека едно замина за Берлин.