ДУРИ 98% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ Oние кои примиле ковид-вакцина поретко завршуваат во болница

Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2,272 лица со ковид-19, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина

350

Дури 98 отсто од хоспитализираните пациенти поради ковид-19 се невакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство од 06 август до 16 декември.

– Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема – покажува анализата.






Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2,272 лица со ковид-19, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

– Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2 – информира Министерството.

Поврзани содржини