Дури 44 пациенти се хоспитализирани во Скопје во изминатите 24 часа

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 лица.

837
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 44 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.





Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ лежат вкупно 30 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 лица. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 142 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, додаваат од Здравство.

 

Поврзани содржини