Дури 34 членови на театарот Болшој се заразени со ковид-19
Неколку стотици луѓе учествуваа во подготовката на овој телевизиски спектакл, но сите беа тестирани неколку дена пред големиот настан и беа негативни.
Членови на Балетскиот отсек во театарот Болшој, 34 од нив, биле заразени со коронавирусот откако настапувале во Москва. Тие настапија во живо пред празен аудиториум, а пренос вршеше руската национална телевизија.
Неколку стотици луѓе учествуваа во подготовката на овој телевизиски спектакл, но сите беа тестирани неколку дена пред големиот настан и беа негативни.
Генералниот директор на театарот „Болшој“ Владимир Урин потврди дека сите биле тестирани за коронавирусот и дека тестот на 34 лица бил позитивен.
– Без исклучок, сите вработени во Театарот, вклучително и обезбедувањето и инженерите, беа тестирани за коронавирусот два дена пред настапот. Сепак, сега се покажа дека 34 се позитивни. Тие немаа температура или какви било симптоми на болеста, по што беа прекинати сите активности и вработените се ставени во карантин – рече тој.