Дур чекав за кодот…

1,184

Дур чекав за кодот:

– Научив дека јарецот е најупорен хороскопски знак;

– Го претапацирав троседот во дневната;

– Испив 5 чаши вода, пиши таму Николовски во статистика;

– Ја прочитав „Војна и мир”, еднаш со скокање, еднаш со подвлеквање;

– Гледав документарец за „Прекинатиот сексуален живот на комарците по текот на Дунав поради Втората светска војна”. Трите дела;

– Магистрирав на фон, кој сака нека честита;

– Пуштив гулаб до Министерството за здравство да ми го пуштат кодот по него, гулабот се врати со жена му и ќерка му, син му со малите заминале Германија;

– Со метрото бев до аеродромот во Битола, и то го изградија во меѓувреме;

– Влегов во старосна група над 65 години за вакцинација.

Сајтот ми рече „наскоро…”

(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини