ДУПОТ ЗА ЛИСИЧЕ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ЖЕЛБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ Помалку згради, помала катност и легализација на стотина куќи

634

Помал број станбени објекти во Лисиче, помала катност на планираните куќи, легализација на стотина куќи, предвидува последната верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој веќе е во фаза на анкета.

Општина Аеродром соопшти дека прифатила најголем дел од забелешките кои граѓаните на Лисиче ги доставиле во рамки на првата анкета.






Од Службата за односи со јавност во Општината потврдуваат дека новата верзија на Деталниот урбанистички план е со сериозни промени по барање на граѓаните и најавуваат дека деталите ќе бидат објавени наскоро на средба со медиумите.

Деталниот урбанистички план за Лисиче предизвика реакции во јавноста. Со цел да излезе во пресрет на граѓаните, Општина Аеродром најави негово ревидирање, согласно забелешките од анкетните листови. Новата верзија на планот опфаќа голем дел од предлозите на лисичани.

Поврзани содржини