ДУПЛАНТИС ПО 15. ПАТ СОБОРИ СВЕТСКИ РЕКОРД Од првпат прескокна 6,31 метри

36

Легендарниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд „Мондо“ Дуплантис постави нов светски рекорд, прескокнувајќи ја летвичката синоќа на домашен терен во Упсала на височина од 6,31 метри.

Дваесет и шестгодишниот Дуплантис го постави новиот светски рекорд при својот прв обид да ја прескокне оваа височина.






Ова е 15. пат во кариерата на Дуплантис да го собори светскиот рекорд.

Неговата серија започна во 2020 година кога го симна од тронот Французинот Рено Лавилени со скок од 6,17 метри.

Поврзани содржини