Дупење во здрав мозок – партиските глувци на ДУИ одигруваат жртви
Срамота е што ова се случува со поддршка на СДСМ и на нивните медиумски, универзитетски и институционални квазипрогресивци, кои ова го оправдуваат, оддржуваат и овозможуваат.
Тоа е кога имаш криминална коалиција, наместо директорите (на М-НАВ) да се разрешат во рок од 12 саати, тие им даваат шанса на нив и на ДУИ до вторник да ја заматат водата и да се правдаат, да држат отчети ко овој Фахрудин (Хамиди).
Ееееј, кое дупење во здрав мозок, партискиве глувци да изигруваат жртви и да објаснуваат како они добро работеле, а Синдикатот ги напаѓал!
Ова е потврда дека ДУИ не се кае, туку стои зад долгогодишниот непотизам и партиското насилие кое вчера го изведоа.
Можеби ќе ве интересира
Срамота, впрочем, никој не ни очекуваше трулиот систем самиот себе да се демонтира.
***
Показната вежба на ДУИ е опасна, авторитарна, режимска во својата форма и суштина.
Оваа заробена држава, никогаш нема да може да изведе демократска трансформација и да ги ослободи освоените и заробени институции, како што не успеа ни во 2015-та и натаму.
Никогаш нема да дозволат да изгубат, а и да изгубат, никогаш нема мирно да ги напуштат заробените институции кои ги освоиле.
Ќе мораме да живееме во оваа вечна хипокризија, каде режимлии ќе залажуваат и симулираат некаков европски пат.
Ова е и поочајно од српската ситуација, затоа што ние имавме шанса да се демократизираме, но таа надеж ја разочаравме.
Сега тешко е да се роди надеж и да се направат промени, предлабоко сме во лагата и партиската контрола, криминал и корупција.
Ова немаше да се случи и срамота е што се случува со поддршка на СДСМ и на нивните медиумски, универзитетски и институционални квазипрогресивци, кои ова го оправдуваат, оддржуваат и овозможуваат.
Се предадоа и продадоа интелектуално и морално себеси, своите сограѓани и нашето општество и земја.
(Фејсбук статуси на авторот)