Откако на социјалните мрежи Ване Цветанов објави дека става крај на врската со манекенката Дунавка Трифуновска, таа утрово на социјалните мрежи го објави својот став.
Дунавка иронично и метафорично открива дека врската ја прекинале во понеделникот и тоа на тајна средба за која таа не знаела дека и Ване ќе биде присутен на неа.
„Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста“, а ни малку да биде „едно“ со иднината“ кога ќе биде испочитувана, тогаш може да гледаме други епизоди. До тогаш господинот треба да се посвети на своите обврски, функции и на своите деца.
Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже“ е личен избор“, пишува меѓу другото Дунавка на Фејсбук.