Дуковски: Судот ќе дозволеше зградата да се сруши, одошто да го вештачи телефонот (ВИДЕО)
Дуковски јавно го повика Зоран Заев да каже кои материјали, преку кого и кои посредници се дадени од него до ВМРО, а за кои ги споменува Зоран Заев во неговата денешна реакција. - Немам никаков контакт со било кого од ВМРО-ДПМНЕ. Какви материјали може да давам, ако телефонот не е вештачен. Такво нешто не се случило. Ако не го направи тоа, сметам дека не ја зборува вистината.“ - рече Дуковски.
Предметот „Рекет“ е досега најслабо водениот случај, со загрозување на правата на клиентите и со криење на докази – изјави адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, гостувајќи во отвореното студио на ТВ 24.
Тој рече:
– Обвинителката сметаше дека докази може да бидат дадени само за клиентот што го бранам. Продолжи со една работа што ме шокираше – тоа е цело време се вели „врз основа на доказите“ и денеска судијата ја објави пресудата за предметот, а немаше докази. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и гледате човек како излегува и ја мафта торбата. Јас предложив доказ. Согласно е-банка, банкнотите од 500 евра се укинати заради малиот волумен. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Сега да ја пуштите снимката, не се носат толку средства, не видовме дали се носат воопшто, видовме само едни женски раце како ги бројат парите и како излегуваат – изјави Дуковски.
Според адвокат, неверојатна била упорноста на судот да не се вештачи телефонот на Јовановски.
– Судот ќе дозволеше зградата да се сруши одошто да го вештачи телефонот. Трипати е побарано, трипати е одбиено вештачење. Во завршното обвинение тужителката го прошири обвинението и го теретеше Јовановски дека парите кои потекнуваат од противзаконитото влијание од 2918/2019 година ги пуштил во промет тие пари односно ги перел во 2017. Денес го ослободи од тоа обвинение. Во телефонот има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба во овој случај. ИТ техничарот ангажиран од обвинителството на мое вкрстено испитување потврди дека не е вешто лице и нема лиценца и ниту е запишан како вешто лице во министерството за правда – рече Дуковски.
Дуковски рече дека притворот е казна без правосилна пресуда. Потенцираше дека тврди дека нема пари и дека неговата перцепција вели дека Јовановски мислел дека тие се пари од рекет од политичари. На 25 овој месец Јовановски ќе поднесе кривични пријави за сите настани кои ги знае.
Дуковски јавно го повика Зоран Заев да каже кои материјали, преку кого и кои посредници се дадени од него до ВМРО, а за кои ги споменува Зоран Заев во денешната негова реакција.
– Немам никаков контакт со било кого од ВМРО-ДПМНЕ. Какви материјало може да давам, ако телефонот не е вештачен. Такво нешто не се случило. Ако не го направи тоа, сметам дека не ја зборува вистината – рече Дуковски.