Дуковски на ТВ 24: Боки под присила потпишал дека немал контакт со Заев

Многу е тешко да имате работа со држава. Му извадија едно писмо кое под присила го натераа да го потпише во затвор, дека немал никаков контакт со поранешниот премиер - рече Дуковски.

2,884

Адвокатот на Бојан Јованоски, Сашо Дуковски, во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека Боки 13 под присила потпишал дека немал контакт со Зоран Заев.

– Многу е тешко да имате работа со држава. Му извадија едно писмо кое под присила го натераа да го потпише во затвор, дека немал никаков контакт со поранешниот премиер – рече Дуковски.






Тој претходно јавно го повика Заев да каже кои материјали, преку кого и кои посредници се дадени од него до ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ги споменува Зоран Заев во неговата денешна реакција.

– Немам никаков контакт со било кого од ВМРО-ДПМНЕ. Какви материјали може да давам, ако телефонот не е вештачен. Такво нешто не се случило. Ако не го направи тоа, сметам дека не ја зборува вистината – рече Дуковски.

Поврзани содржини