Дуковски ги потврди заканите за Боки 13: „Пренеси му на педерот дека ако збори ќе го убиеме“

7,938

Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски во изјава за МКД.мк вели дека непосредно пред да дојде Јовановски во обвинителството, од непознат број му се јавил машки глас и ми рекол: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“.

Случајот веднаш го пријавил во полиција.






Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу, туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот не добил никаква закана.

Попладнево реагираше и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? – праша Стоилковски.

Поврзани содржини