Дукоски: Боки 13 ја делел истата бања со починатиот притвореник
Тој вели дека притворениците не треба да се дискриминираат, туку и за нив да се постапи според протокол.
Aдвокатот Сашко Дукоски, по смртта на притвореникот од „Шутка“, јавно прашува како судот планира да го оддржи утрешното рочиште за случајот „Рекет“, бидејќи на тој начин би го загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот.
– Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дукоски за „Фокус“, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.
Тој вели дека притворениците не треба да се дискриминираат, туку и за нив да се постапи според протокол.